Мировна акција објавува повик за пријави за Тренингот за изградба на мир кој ќе се одржи од 20 до 30 Јули 2015 година во во хотел „Монтана” во Крушево. Краен рок за аплицирање е 12.07.2015. Вашите пријави испраќајте ги на treninzi@mirovnaakcija.org.
Се работи за базична програма на мировно образование наменета за лица од цела територија на Македонија кои имаат интерес да работат на себе и да ја препознаат и зајакнат својата улога во општеството, а особено во процесите на изградба на мир .
Ова е шести по ред основен тренинг во организација на Мировна акција. Го организираме 14 години после 2001, краток период после настаните од Мај во Куманово и во услови на нова криза која има свои политички, социјални, но и етнички димензии.
Ги повикуваме сите оние кои имаат потреба и мотивација да делуваат во своите средини и да работат на изградба на мирот во Македонија, без разлика на нивната професионална определба, да аплицираат за учество на тренингот.
пријава македонски aplikimi shqip
Тренингот за изградба на мир нуди:
- Развивање на сензибилност за различните форми на насилство и дискриминација;
- Развивање на сензибилност за механизмите и динамиката на настанувањето на конфликти;
- Отворање на прашањата поврзани со соочување со минатото, нашите лични искуства, доминантни наративи и размисли како понатаму;
- Културна размена помеѓу лицата од „конфликтните подрачја“ и запознавање на „другиот/та“;
- Промисла за личната улога во општествената промена, инспирација и можни идеи за тоа како може да се делува во нашето општество.
Темите кои се обработуваат на тренингот се: насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, идентитет и национален идентитет, дискриминација и др. Програмата на тренингот е отворена и флексибилна, направена да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките, така што одредени теми може и да не бидат обработени, за сметка на други кои може да се покажат како повеќе потребни.
Тренерски тим:
Фланза Јусуфи (Мировна Акција, Тетово)
Боро Китаноски (Мировна Акција, Прилеп)
Горан Талески (Мировна Акција, Прилеп)
Албулена Карага (Кичево/Скопје)