ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
ДИЗАЈН НА ПУБЛИКАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИРОВНА АКЦИЈА
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларија во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ДИЗАЈН НА ПУБЛИКАЦИИ.
Повикот се однесува на :
- Дизајн на Списанието Отворено број 7 во три верзии: македонски јазик, албански јазик и англиски јазик
- Дизајн на Книга со интервјуа на македонски и албански јазик (двојазично) по пример на претходни изданија на Мировна акција кои може да се погледнат на веб страната на Мировна акција
- Документација за работата на Мировна акција во периодот 2022-2024 година во три верзии: македонски јазик, албански јазик и англиски јазик.
Материјалите потребни за дизајн на горенаведените продукти, избраниот дизајнер ќе ги добие од Мировна акција.
Публикациите ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- За таа цел, ве повикуваме да пратите Понуда во која ќе биде наведено:
Вкупна цена за дизајн според потребите дефинирани во „Предмет на повикот“.
- Критериуми за оценување на понудите
Понудите ќе бидат оценувани според следните критериуми:
Клучен критериум за оценување на понудите е цената.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 15.12.2024.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 16.12.2024.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 25.11.2024, Прилеп