Работилница и улична акција: “Антифашизам – мојот избор!“
Белград, 4 и 9 Мај 2009. Квирија Центар.
На 4 Мај 2009 година во просториите на “Жени во црно“ во Белград се одржа работилница/дискусија која претходеше на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата и Денот на Европа. Дискусијата ја организираа “Квирија центар“ и “Жени во црно“. На работилницата присуствуваа 20 активисти и активистки од “Квирија центарот“ и “Жени во црно“ и од “Сојузот на антифашисти на Србија“, како и други поединци и поединки од други невладини организации.
Работилницата ја конципиравме како дискусија на која поставивме прашања поврзани со мапирање на фашистичките појави во Србија:
1. Кои се манифестациите на фашизмот?
2. Кој е одговорен?
3. Што бараме?
Како највидлив облик на фашистичко однесување, учесниците/чките ги истакнаа неодамнешните случувања во ромските населби, односно демолирањето на ромските картонски куќи. Потоа, разговаравме за националистичките испади на јавни места, од собраниската говорница до секојдневни испади на улица. Исто така, забележавме зачестени националистички испади кои повикуваат на освета и оружје, како и клерофашистичките тенденции чии актери е блиски со оние претходно спомнати. Она што е значајно да се нагласи е континуираниот отпор кон Хашкиот трибунал, односно постојаната поддршка на хашките обвинети. Освен овие, набројавме повеќе хомофобни, расистички и сексистички испади и говор на омраза.
Како одговорни за наведените појави ги спомнавме: Владата на Р. Србија – која не е подготвена да се соочи со минатото, ниту да заземе јасен про-европски став за иднината на Србија, лошиот образовен систем, силното влијание на Српската Православна Црква на политичкиот живот во Србија, постоењето на клерофашистички и екстремно десничарски младински организации, како и лошиот правосуден систем кој не им се спротивставува.
Како и претходно, од власта бараме санкционирање на секој говор на омраза, како и осуда на насилството и дискриминацијата во најширока можна смисла. Ќе продолжиме да ги поддржуваме акциите за санкционирање на фашистичките организации, како што е предлог законот кој забранува делување на вакви групи. Овде, ги спомнавме и некои чекори кон напред како што се Законот против антидискриминација, како и зголемената заштита на полицијата за време на нашите акции.
Уличната акција на 9 Мај беше организирана со цел да се означи Денот на победата и Денот на Европа и се искористи како одлична можност да ги етаблираме нашите ставови и погледи од работилницата. Уличната акција беше лоцирана на Кнез Михајлова улица / Плоштадот на Револуцијата со почеток во 12 часот. Акцијата ја организираа “Квирија центар“ и “Жени во црно“, во соработка со “Сојузот на антифашисти на Србија“.
На уличната акција носевме транспаренти на кои се наоѓаше авто-знак за забрана со одредени додатоци:
• Овде е апсолутно забранет фашизмот
• Овде се апсолутно забранети националистички организации
• Овде е апсолутно забранет расизмот итн.
како и
• 9 Мај – Ден на Европа
• 9 Мај – Ден на победата над фашизмот
• Сакаме интеграции – не сакаме изолација
Исто така, уметницата Јована Димитријевиќ од Лесковац изведе перформанс “Моите активистички чевли“ каде што ги изложи чевлите кои ги носела на различни акции и за време на различни кампањи, а кои покасно ги обои во црвено како знак за борба, упорност, жртва и победа.
За време на уличната акција поделивме 800 комплети на промо материјали кои содржеа: Брошура “Дали некој е за фашизам?“, леток на регионалната кампања за демилитаризација, соопштението кое го издадовме по повод 9 Мај и инфо леток на “Квирија центарот“. Според евиденцијата на активистите ко делеа материјали, околу ¼ од тие кои проаѓаа покажале заинтересираност за акцијата, барале дополнителни информации и ја поздравиле инцијативата.
Генерално, реакциите беа позитивни, но имаше и проаѓачи кои негодуваа велејќи дека Србија никогаш не била фашистичка.
Бобан Стојановиќ, Адам Пушкар
Настаните се дел од Програмата “Регионални иницијативи за демилитаризација“ координирана од страна на Мировна Акција.