МИРОВНА АКЦИЈА
заедно со своите партнери
Центар за развој на заедниците – Кичево
Мултикултура – Тетово
Младински Иницијативи – Скопје
РОМА СОС – Прилеп
„ДЕНОВИ НА АКЦИЈА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА И МИЛИТАРИЗМОТ“
Од 29.04.-06.05.2011
Дискриминацијата по различни основи (етничка, родова, религиска, социјален статус) е присутна во македонското општество. Сметаме дека треба да се работи на појавите кои манифестираат нетолеранција кон различностите во Македонија. Особено од наш интерес е да направиме поврзување на разните облици на дискриминацијата и милитаризмот т.е. милитантното однесување изразено и/или поттикнато од разни форми на општествени појави: традиционални родни улоги, национализам, ксенофобија и др.
Нашата цел е зголемување на јавната свест за појавите на дискриминација. Целта е планираното да се постигне преку организирање на различни облици на јавни настани: Работилници, панел дискусии, дебати, филмски проекции, изложба на дела во врска со темата, концерт, делење на промотивни материјали.
Ова е втора година на Манифестацијата (првата беше во Скопје од 19-22.04.2010) настаните ќе се одржат во четири градови во Македонија (Прилеп, Кичево, Тетово и Скопје), во периодот од 29 Април до 5 Мај и ќе имаат една тема на која сакаме да се фокусираме: „Граѓанскиот активизам во етнизирана држава“.
Зошто токму ваков наслов?
Прашањата поврзани со етникумите и етничкиот идентитет на граѓаните на Р. Македонија е темелно прашање за опстанокот и напредокот на државата. Денешниот Устав на РМ е една комбинација на права базирани на колективен етнички идентитет и граѓански права кои не се поврзуваат со некој етникум. Во таа насока, си ги поставуваме и следните прашања:
Дали граѓанскиот активизам и борбата за права неврзани со етникумот се ставаат на маргина? Во која мера потребата за постојана работа на меѓуетничките односи е пречка за решавање на проблемите поврзани со другите идентитети? Ако веќе доминира работата на етничките прашања, во која мера сме ја сузбиле дискриминацијата на етничка основа? Дали другите типови на дискриминација се помалку важни (родова, религиска, социјална, политичка)? Дали борец за етнички права е еквивалент на националист? Македонија како граѓанска држава? Возможна ли е изградба на граѓански идентитет? Дали милитаризмот во Македонија се поддржува низ призмата на етничка загрозеност? Која е улогата на младите во овие процеси?
Програма на активности:
Прилеп 29 април (петок)
Дом на култура „Марко Цепенков“ – сала 105
15:00 РАБОТИЛНИЦА
16:30 ДЕБАТА „Граѓанскиот активизам во етнизирана држава“.
Говорници:
Несиме Салиоска, извршна директорка на РОМА С.О.С. – Прилеп
Мишко Ристески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп
Дарко Конески, потпретседател на СДММ
КЛУБ АПОРЕА – КОНЦЕРТ 22:00 – 01:00
Настапуваат
CONQUERING LION – Тетово (http://www.myspace.com/conqueringli0n)
НОВИОТ ПОЧЕТОК – Скопје (http://www.myspace.com/noviotpochetok/music)
Кичево 4 мај (среда)
Хотел УНИОН
16:30 РАБОТИЛНИЦА
18:00 ДЕБАТА „Граѓанскиот активизам во етнизирана држава“.
Говорници:
Арјета Ахмеди
доц. др. Саша Дукоски, доктор на правни науки, Правен факултет Кичево
доц. др. Имер Исмаили, Државен Универзитет во Тетово
Тетово 5 Мај (четврток)
Хотел ЛИРАКУ
15:00 РАБОТИЛНИЦА
16:30 ДЕБАТА „Граѓанскиот активизам во етнизирана држава“.
Говорници:
Сретен Коцески, извршен директор на Институтот за развој на заедницата – Тетово
Арлинда Мазлами, Мултикултура – Тетово
Ферди Исмаили, извршен директор на АДРР „Сонце“ – Тетово
Скопје 6 Мај (петок)
Клуб на новинари
17:00 РАБОТИЛНИЦА
18:30 ДЕБАТА „Граѓанскиот активизам во етнизирана држава“.
Говорници:
Артан Садику, активист
Радмила Живановиќ, асистентка на Интернационален балкански универзитет Скопје
Ана Блажева, психолог
Повеќе информации на www.mirovnaakcija.org
Присуството е слободно и пожелно. Пријавата на мејл: mirovnaakcija@gmail.com за учество на некоја од интерактивните работилници би била убав гест, но не е задолжителна.