Канцеларија на Мировна акција, Прилеп
Како дел од Манифестацијата „Денови на акција против дискриминацијата и милитаризмот 2013“, на 16 Мај во канцеларијата на Мировна акција беа доделени наградите за најдобри уметнички творби. Имено, основците од Прилеп имаа можност да се пријават на конкурсот со поетска творба на тема „Јас, Афиф, Мердита, Јелена, Питу и Осман“ или пак со есеј на тема „Јас бев во близина кога те навредуваа“. Учениците и ученичките во средните општински училишта имаа можност да конкурираат со есеј на тема „Дискриминацијата во мојата средина – како да се борам против неа“. Комисијата за оценување беше во состав Горан Талески (Мировна акција), Александра Стојаноска (Мировна акција) и Кирил Бисероски (надворешен член) ги оценуваше творбите и притоа се одлучи да награди три творби.
Наградените ученици добија диплома за освоеното прво, второ или трето место, а за секое место следуваа и пригодни награди (книги).
Наградени се следниве ученици/чки, а нивните творби може да ги преземете со клик на „преземи“. Од основните училишта:
- 1.Ана Марија Мирческа од ООУ „Гоце Делчев“ (ментор Катерина Тодороска) Преземи;
- 2.Стефани Мирческа од ООУ „Климент Охридски“ (ментор Билјана Чакароска) преземи;
- 3.Марио Нанески ООУ „Гоце Делчев“ (ментор Мирјана Јовановска) преземи.
Од средните училишта наградени се:
- 1.Сибела Мамудоска од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ (ментор Соња Мирческа) преземи;
- 2.Симона Наумоска од СОУ „Ѓорче Петров“ (ментор Лидија Ристеска) преземи;
- 3.Ивана Илиеска од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ (ментор Соња Мирческа) преземи.
На наградените и нивните ментори им честитаме, а на сите други им благодариме за нивното учество на конкурсот. Сите нив ги охрабруваме и во иднина да земат учество на слични конкурси на Мировна акција, а секако и уште поважно да се борат против дискриминацијата во било која форма.