ФемФест е фестивал со еднонеделна програма исполнета со музика, уметност и работилници направени од жени или со теми поврзани со жените.
Се состои од свирки на 8 женски/мешани групи и ДЏ од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешката Република.
Освен овој дел за “разонода“, ФемФест ќе ги постави и темите за дискриминацијата на жената на пазарот на трудот, влијанието на денешните медиуми врз стандардите за убавина и сексизам, и за расизмот кон Ромските жени во Македонија.
ФемФест е организиран од Мировна Акција во соработка со “Акција Здруженска“ (http://www.zdruzenska.org.mk/) и со помош од многу пријатели.
Програмата на фестивалот можете да ја најдете во“прочитај повеќе“.
Веб страна на ФемФест www.femfestmk.wordpress.com.
Програма:
Понеделник: 29.06.2009
19:00 Отварање на фестивалот во Скопје:
Музичка продавница „Maximum RnR“ (зад автобуска постојка Ким)
Концерти:
*GRAHAM YOUNG* (Mакедонија)
*MY NAME IS ANN* (Чешка)
———————————–
21:30ч. Апореа
Концерти:
*MY NAME IS ANN* (Чешка)
*DJ Vera Umka* (Македонија)———————————–
Среда 01.07.2009
ПРИЛЕП
Место: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп (во читалната)
16:45 – 17:00 Трговија со луѓе и феминизмот (видео перформанс)
17:00 – 19:00 Дискриминација на жената на пазарот на трудот (семинар)
– Тони Талески (ССМ Прилеп)
– Моника Талеска (независнa новинарka)
21:30 АПОРЕА
Концерт:
* BERNAYS PROPAGANDA* (Mакедонија)
———————————–
Четврток: 02.07.2009
ПРИЛЕП
Место: канцеларија на Мировна Акција:
13:00 – 15:00 „Стрип работилница – прв дел“
Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ – Прилеп:
16:45-17:00 Трговија со луѓе и феминизам (видео перформанс)
17:00 – 19:00 Семејно насилство (семинар)
21:30 АПОРЕА:
Концерт:
* FIGHTING WINDMILLS* (Mакедонија)
———————————–
Четврток: 02.07.2009
СКОПЈЕ
Место: Културен центар “Точка”
19:00 Жените во технологијатa ”Дигитиална граница”
(панел дискусијa)
———————————–
Петок: 03.07.2009
ПРИЛЕП
Место: канцеларија на Мировна Акција
13:00 – 15:00 „Стрип работилница – втор дел“
Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ – Прилеп
16:45 -17:00 Трговија со луѓе и феминизмот (видео перформанс)
17:00 – 19:00 Дисциплинирање на жеското тело (seminar)
– Акција Здруженска, Скопје
21:30 АПОРЕА:
Концерти:
*LIRAVEGA* (Србија)
*DЈ Jasmina* (Босна и Херцеговина)
———————————–
Сабота: 04.07.2009
ПРИЛЕП
Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ – Прилеп
17:00 – 19:00 Ромската жена помеѓу расизмот и сексизмот, случај Македонија
– Ениса Еминовска
– Несиме Салиоска
21:30 АПОРЕА
Концерт:
*Ž/buka* (Хрватска)
*DЈ Vera Umka & Pit the Sample* (Mакедонија)
———————————–
Недела: 05.07.2009
СКОПЈЕ
16:00 – 20:00 Градски парк – Скопје
Концерт:
*Sludge* (Македонија)
*Fighting windmills* (Македонија)
*Lira Vega* (Србија)
+ DJ сетови
и
Изложба на Стрип работилницата;
Делење на брошури, маички, чанти со пароли итн;
Штанд за рачно направена бижутерија;
Графити арт на големо платно;
Краток курс за фотографија.
*Влезот е слободен на сите работилници и концерти!
*Што е ФЕМФЕСТ?*
ФЕМФЕСТ е фестивал на музика, уметност и работилници направен од жени 🙂
На фестивалот ќе се одржат концерти на девет женски / мешани бендови и диџеј сетови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешка.
Покрај забавниот дел, Фемфест, исто така, ги носи темите: Дискриминација на жените на пазарот на трудот, Влијанието на денешните медиуми врз жените, Жените Ромки помеѓу сексизмот и расизмот во Македонија итн.
Добре дојдени сте сите! Дојдете да славиме заедно!
Фемфест е организиран од Здруженијата на граѓани/ки Мировна Акција (https://www.mirovnaakcija.org/), Акција Здруженска (http://www.zdruzenska.org.mk/) и многу пријателки и пријатели.
Да го растресеме патријархатот, да зборуваме за сексизмот и дискриминацијата, да зборуваме за работите околу нас, да обрнеме внимание на тоа што се случува околу нас, да зборуваме за тоа што се премолчува и ретко се зборува, да ја размрдаме пасивноста. Сакаме да го предизвикаме системот на вредности кој ни се наметнува, кои ја ограничуваат, врзуваат, газат, условуваат, експлоатираат, угнетуваат индивидуата, а посебно оние кои и се наметнуваат на жената.
Да го промениме статусот кво кој ни е даден во општеството, да креираме простор на солидарност наместо натпреварување, каде секој/а е прифатен/а и помогнат/а.
Истовремено да ја славиме женската креативност,да се забавуваме, танцуваме, уживаме …