Регионална младинска, мировна и уметнички средба (10 – 12 септември 2025)
Две претстави во Прилеп ќе бидат дел од регионална младинска средба во која ќе се сретнат млади луѓе од Македонија, Косово и Србија.
Претставите ќе бидат поставени во Домот на култура „Војдан чернодрисни“ Прилеп.
И за двете претстави влезот е слободен и има превод на англиски јазик.

На 10 септември – среда, во 19:00 часот ќе биде поставена претставата „Заминувања“, колективна драматрургија во режија на Драгана Гунин. Претставата обработува 4 женски приказни од војната во 2001 од архивата на животни приказни на Мировна акција. Базирана е врз книгата „13 Женски приказни за една војна“ издание на Мировна Акција – Прилеп. Претставата беше поставена премиерно во Албански Театар во Скопје во 2022, и беше поставена во Куманово. Претставата беше селектирана и на 57от Македонскиот Тетарски Фестивал во Прилеп во 2023, во придружната програма на фестивалот.

На 11 септември – четврток, во 19:00 часот, ќе биде поставена претставата „Татко и Татко“, чиј автор е Јетон Незирај, а режијата е на Куштрим Колиќи од Приштина, Косово. Претставата има освоено 15 награди, меѓу кои и: награда за најдобра театарска претстава, режија и актерска игра на Фестивалот за Уметност и традиционална култура „Етно Фест“ во Кукај во 2022, истата година награда за режија и актерска игра на Театарскиот Фестивал во Феризај, награда за најдобра оригинална драма и актерска игра на Албанскиот театарски фестивал „Мојсиу“ во Скопје во 2022, награда за најдобра режија, најдобра актерска игра и најдобра театарска претстава на Меѓународниот театарски фестивал во Приштина во 2024.
Ве очекуваме!
This project has been supported financially by the Western Balkans Fund 7th Call for Proposals, co-funded by the European Union, IPA III – Instrument for Pre-Accession Assistance.

