2021 и 2022 година беа тешки но и многу успешни години за Мировна акција, со спроведени повеќе важни активности кои бараа волја, грижа и многу труд, и тоа во пандемиски услови пропратени неретко и со рестриктивни мерки. Ни беше важно, и наспроти сите компликации кои произлегоа од Пандемијата со Ковид 19, да работиме и делуваме, но тоа да го правиме претпазливо и без непотребно да се изложуваме на ризик ниту ние од тимот ниту било кој со кој работевме, затоа што здравјето и животите се приоритет за кој нема компромис. Под тие услови и со волја и меѓусебна доверба, имавме голем успех во склоп на можностите. Во годишниот извештај споделуваме детали околу сето што го постигнавме во овој период.
Го објавуваме двогодишниот извештај за 2021 и 2022 година!