Извештајот го подготвија: Јулијана Талеска, Емил Балавац и Билјана Пејовска.
Шестдневната годишна регионална летна школа за градење мир и антидискриминација беше организирана во Јахорина, Босна и Херцеговина од 22ри до 28ми јули 2012 година со учество на 54 млади луѓе од 4 држави (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово). Главниот фокус беше да се оспособат млади активисти да ја разберат и да ја препознаат дискриминација во нивната сопствена заедница, вовед во начините на спречување и заштита од дискриминацијата како дел од процесот за градење мир на локално, национално и регионално ниво во Западен Балкан.
Учесниците беа избрани преку отворен повик за пријавување. Примивме вкупно 263 пријави.
Учесниците беа дел на една од трите групи кои покриваа различни тематски области, но сите од нив значајни за борбата против дискриминацијата. Еве го мислењето на предавачите за летната школа:
Група 1: Дискриминација, милитаризам и градење мир
Обучувачи: Горан Талески, Арлинда Мазлами и Јулијана Талеска
Оваа група беше концентрирана на индивидуалниот развој на учесниците како мировни активисти. Темите вклучуваа: ненасилна комуникација, перцепција, стереотипи, предрасуди, дискриминација и градење мир на основно ниво.
Посебните цели беа: учесниците да станат свесни за присуството на дискриминација во нашето општество и за можните начини да се борат против тоа; да научат основна теорија поврзана со дискриминацијата; да ги поттикнат младите луѓе да работат и да направат промени во општеството во кое живеат.
После воведот, започнавме со темата ненасилна комуникација како основа за создавање доверлива атмосфера без дискриминација. Значајно нешто од овој дел беше „ЈАС – говорот“ техника и техника на „Активно слушање“ како загревање, со цел да се создаде позитивна атмосфера во комуникацијата меѓу членовите на групата.
Следниот ден работевме на тема „идентитет“, бидејќи често идентитетот е извор на дискриминација. Од таа тема продолживме со Стереотипи, за што се дискутираше во детали со особен акцент ставен на етнички базирани стереотипи.
Следниот ден, работата ја продолживме со темите за Перцепција и Предрасуди.
Четвртиот ден беше посветен на Дискриминација. Групата отвори сериозни дискусии на темата, преку интерактивни вежби поткрепени со примери за дискриминација во регионите на Западен Балкан.
Последниот ден го посветивме на некои основни елементи од темата за Градење мир при што учесниците разгледуваа различни ситуации поврзани со дискриминација и се обидоа да начин како би ги решиле проблемите на мирен начин.
Во текот на летната школа имавме усна евалвација, а на крајот на обуката имавме и писмена и усна евалвација. Според листите за оценување учесниците беа прилично задоволни од обуката бидејќи им овозможи да добијат нови гледишта и перспективи за одредените темите кои се дискутираа и ги поттикна да работат во нивната средина и да ги истражуваат темите подетално. Повремено работилниците беа доста емотивни затоа што вклучуваа теми кои се блиску поврзани со војните што се случија на бившите Југословенски простори.
Се користеа различни методи зависно од обучувачот. Во нашите сесии користевме поттикнување, дискусии, барометри, дебати, пленарни дискусии, глумење по улоги/театар итн. Учесниците работеа самостојно, во парови и групи. Обучувачите работеа како тим.
Група 2: Развој на потенцијалот кај активистите за борба против дискриминација
Обучувачи: Миралем Турчиновиќ, Виолета Стевовиќ, Валентина Антиќ, Емил Балавац
Темата што беше избрана за втората група е „Развој на потенцијалот кај активнистите за борба против дискриминација“.
Целта на оваа тема беше да се подигне потенцијалот за активизам кај учесниците, како што покажува и насловот, за заеднична работа во борба против дискриминацијата.
Сесиите се организираа во неколку фази. Првата фаза ја посветивме на градење тимски дух и работа во групи. Учесниците кои доаѓаа од различни држави и образование лесно успеваа да стекнат знаење и да ги развијат нивните способности на повисоко ниво. Во еден момент дури и не изгледаа како случајно избрани млади луѓе и ставени во група, туку дејствуваа заеднички, како тим.
Втората фаза беше резервирана за учење за дискриминација, предрасуди и стереотипи, како и за потребата од активизам. Од суштинско значење беше учесниците да стекнат знаења од овие теми и вредности за кои ќе треба да се залагаат во нивниот живот. Исто така беше многу важно да им покажеме зошто дејствувањето е неопходно и која е реалноста во Балканските земји. Неколку луѓе од групата веќе работеле на слични или исти теми претходно, така што работата ни се олесни и го зголеми нивото на учество во групата.
Продолживме со развивање на лидерски и презентациски способности кај учесниците, како и комуникација и јавно обраќање. Овие се вештини без кои би им било тешко да работат на борба против дискриминација.
После првата фаза за тимска работа и втората фаза за запознавање и развој на вештини, продолживме со третата фаза во која ги разгледавме методите за борба против дискриминација. Овде сакавме да воведеме нови методи и механизми достапни за нас и корисни во борба против дискриминацијата. Тие ги вклучуваат застапување на кампањи, лобирање, користење социјални медиуми, делотворно испрашување и собирање средства за активности.
Поголемиот дел од времето беше повеќе наменето на кампањи отколку на други механизми, бидејќи кампањите се најголеми, и во поголемиот број случаи и најуспешни од другите.
Користените методи беа разновидни и многубројни, зависно од обучувачите. Работевме преку колективно дискутирање, презентации, глумење/театар итн. Учесниците работеа индивидуално, во парови и групно. Некои сесии се работеа пленарно онаму каде беше неопходно сите да ја добијат истата информација.
Ние како обучувачи работевме како тим, во парови или посебно, зависно од работилницата и нејзината сложеност.
Другите обучувачи исто така ни беа на располагање, и сета неопходна опрема ни беше достапна. Техничката служба беше од голема корист. Целокупните услови за работа беа задоволувачки.
Група 3: „Родови и родова дискриминација“
Обучувачи: Билјана Пејовска и Лидија Ѓокиќ
Програмата беше подготвена да ги покрие темите за комуникацијата, важноста на ненасилната комуникација и изворот на стереотипите и дискриминацијата, после тоа идентитетот, и како идентитетот може да е предмет на или да подлежи на дискриминација, разликите меѓу пол и род, родова дискриминација занована на културен контекст, сексистички јазик и полово неутрален јазик после што следеше вовед во демократски пристап, демократски методи и техники, кои ќе им овозможат на учесниците да ја оценат потребата на нивните заедници и да ги идентификуваат проблемите меѓу родовите на кои може да поработат во рамките на нивните организации.
Целата програма беше поделена на пет работни денови, а секој од нив сочинуваше четири различни дела (освен еден ден со два дела). Секој ден на учесниците им се предаваа три дела со различни теми поврзани со Род и Родова дискриминација и четврта заедничка сесија каде учесниците имаа можност да присуствуваат на документарен филм со теми од активизам или спортски активности. Во средата, средниот ден на програмата имаше само два утрински дела за да им се овозможи потребен одмор на учесниците и можност да се подготват за заедничка активност.
Работилниците на оваа тема им помогнаа на учесниците да размислат и станат свесни за комуникациските вештини и ненасилната комуникација, како и да ги разграничат вообичаените причини за лошата комуникација. Многу значајна активност беше да направат разлика меѓу пол и род, затоа што многу стереотипи произлегуваат од улогите на половите и нивните очекувања.
Направивме список на стереотипи од нашата заедница, зборувавме за нештата кои им сметаат, нешта кои сакаат тие да ги променат и против кои сакаат да се борат. Главната идеја беше да разберат и да станат свесни за улогата на половите и дека обично стереотипите се оправдани со она што се нарекува полова идеологија.
Работилниците им помогнаа на учесниците да станат свесни за моќта на јазикот, на зборовите и изразите кои ги користат, а истите се полови дискриминирачки. Тие беа изненадени од фактот дека користиме зборови, а воопшто не сме свесни од нивната моќ да дискриминираат.
Имаа можност да вежбаат употреба на полово неутрален јазик, да бидат креативни, да ја потиснат јазикот кој дискриминира и да се забавуваат при тоа. Ги вежбаа техниките, учеа како да водат директен разговор со членовите од заедницата и да соберат информации битни за една заедница со цел да ги вклучат сите членови.
Во текот на работилниците учесниците се запознаа со проблемите од другите заедници, размислуваа за можни решенија, разменуваа гледишта, слушнаа различни предлози за решавање на проблемите и имаа шанса да пристапат кон еден проблем без чувства и да се обидат да го решат.
Работевме преку дискутирање и разгледување на проблемите, презентации, барометри, пленуми… Учесниците работеа самостојно, во парови и во групи.