Селектирани животни приказни од серијата на немнозински заедници, т.е. луѓе кои не се чувствуваат првенствено како припадници/чки на некоја од двете најголеми етнички заедници во Македонија, Албанците или Македонците. Дополнително, во оваа серија се опфатени и луѓе кои не припаѓаат на доминантната (често и претпоставена) вероисповед во рамките на дадената етничка заедница.
Книгата е печатена на македонски и албански јазик, бидејќи пред сè, ни се чини е важно, припадниците на овие најголеми заедници да може да ги прочитаат.
Интервјуата беа спроведени на крајот на 2012 и почетокот на 2013 година од тим интервјуери/ки на Мировна акција од различни региони во Македонија. Во оваа серија собравме 30 животни приказни, од кои 13 се објавени во оваа книга.
Уреднички тим:
Горан Талески
Томас Колс
Фланза Јусуфи Салиу
Боро Китаноски