ORC Тузла во рамките на проектот „Регионални младински акции
против дискриминација“координиран од страна на Мировна Акција –Прилеп, организира
Јавна дебата во Бјелина.
„РЕГИОНАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИИ ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА“
Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ
Дискриминација на младите и националните малцинства во образованието
Четврток, 21 октомври 2010 година
Место: Народна библиотека „Филип Вишниќ“ Бјелина
Време: 13:00 – 15:30
ORC Тузла во рамките на проектот „Регионални младински акции против дискриминација“ крајот на 2009 и почетокот на 2010 година направила анализа на состојбата на учеството на малцинствата и општото познавање на нивните права и ситуацијата во која се наоѓаат во БиХ со наслов: „Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ“. Вкупно се пополнети 1526 прашалници, од кои 662 во Федерацијата на БиХ, 764 во Република Српска и 100 во областа Брчко БиХ. Една од главните цели на овој проект е пред се подигнувањето на свеста на граѓаните на БиХ за важноста на борбата против дискриминацијата во БиХ и регионот, со посебен осврт на младите.
Преамбулата на Уставот на БиХ се повикува на Универзалната декларација за човековите права и на пактовите за граѓански и политички како и економски, социјални и културни права во членот 2 став 2. од Уставот на БиХ „Европската конвенција за
човекови права“ директно се применува во Босна и Херцеговина.
Исто така, утврдена е листа од 15 меѓународни договори и конвенции од областа на човековите права на кои пристапува Босна и Хереговина, од кои најрелевантни за ова истражување кои БиХ ги ратификувала се следниве:
• Меѓународна конвенција за елиминација на сите форми на расна
дискриминација
• Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права
• Конвенција за елиминирање на сите облици на дискриминација на жената
• Конвенција за правата на децата
• Европска повелба за регионалните јазици и јазиците на малцинствата
• Рамковна конвенција за заштита на малцинствата
И покрај сите потпишани конвенции и постоењето на институциите во БиХ кои работат на заштита на човековите права и борбата против дискриминацијата, Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди БиХ на 22.12.2009 поради дискриминација на Евреите и Ромите, затоа што им е скратено правото да учествуваат во изборите,
вклучувајќи ја и можноста да бидат избрани на највисоки функции.
„Забраната на малцинствата да учествуваат на изборите нема објективно и разумно оправдување и затоа е во спротивност со Европската конвенција за човековите права, која забранува дискриминација“, оцениле европските судии. Оваа пресуда најкратко ја опишува состојбата во која се наоѓа БиХ во доменот на заштитата на сите нејзини граѓани.
Резултатите од анализата добиени врз основа на одговорите од анкетните прашалници ни користеа за проценка на состојбата и креирање активности за борба против дискриминацијата, меѓу кои е и јавната дебата во Бјелина.
Според добиените резултати од истражувањето во Бјелина, 69% од испитаниците се запознати со некои од облиците на дискриминација, а дури кај 88% од испитаниците преовладува мислењето дека младите во Бјелина се жртви на дискриминација.
По добиените резултати од анализата, дефиниани се следниве области каде што младите најчесто се изложени на дискриминација во Бјелина:
1. Вработување, 83%
2. Образовен систем, 43%
3. Домување, 26%
Со добиените податоци дека во Бјелина најголеми жртви на дискриминација се националните малцинства, младите и жените, како и тоа што најголем број од испитаниците во своите коментари повикуваат на конкретни акции со цел соочување
и решавање на проблемите на дискриминација, ORC Тузла планира да организира дебата во Бјелина на тема „Дискриминација на младите и националните малцинства во образованието“ на која би биле повикани сите релевантни субјекти од сите општествени области во Бјелина, како на најдобар начин би дошле до конкретни препораки и предлози за идни акции, а и како би се променила на подобро ситуацијата во која младите луѓе се чувствуваат дискриминирани по прашањето на образование во Бјелина.
На дебатата ги покануваме претставниците на Младинските организации, Студенските асоцијации, претставници на локалните власти, претставници на образовните институции, како и активисти, волонтери и ученици од Бјелина.
Резултатите и заклучоците од дебатата ќе бидат достапни и на останатите граѓани и институции, како и на пошироката јавност во Бјелина.
Оваа дебата би била идеална можност за претставниците од власта во Бјелина да ги слушнат мислењата на младите за оваа тема, како и да започнат сериозен дијалог со нив и со својот пример да покажат на остатокот во БиХ дека со дискриминацијата може да се соочат и дека може да се почне да се работи на отстранување на овие негативни општествени појави.
Миралем Турсиновиќ – hCa/ORC Тузла
Јасмин Јашаревиќ – PRONI Брчко