ORC Тузла во рамките на проектот „Регионални младински акции против дискриминација“, на 21 декември 2010 година од 12:00 до 14:30ч во Жупанската сала во Орашје, организира јавна дебата на тема: „Дискриминација на младите и националните малцинства во образованието и вработувањето во Посавската жупанија“.
Според добиените резултати од анализата:„Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ“ направена кон крајот на 2009 и почетокот на 2010 година, 78% од испитаниците се запознати со некои од облиците на дискриминација, а дури кај 92% преовладува мислењето дека младите во Федерацијата на БиХ се жртви на дискриминација.
Како резултат на тоа, дефинирани се следниве области каде што младите најчесто се изложени на дискриминација во Федерацијата на БиХ:
- Вработување, 30%
- Образовен систем, 20%
- Домување, 10%
Целта на оваа дебата е да на најдобар можен начин се дојде до конкретни препораки и предлози за идни акции, за да и во Посавска жупанија се поведе дискусија за оваа тема, затоа што Анализата не се спроведе ниту во една општина во Посавска жупанија, но милслиме дека по презентацијата на резултатите од Анализата во Федерацијата на БиХ, граѓаните и институциите во Посавска жупанија ќе имаат што да кажат на оваа тема.
На дебатата ги покануваме претставниците на Младинските организации, студентските асоцијации, претставници на локалните власти, претставници на образовните институции, Заводот за вработување, како и активисти, волонтери и ученици од Орашје.
Оваа дебата би била идеална можност за претставниците од власта во Посавската жупанија да ги слушнат мислењата на младите и граѓаните на оваа тема, како и да започнат сериозен дијалог со нив и со својот пример да покажат на остатокот во БиХ дека со дискриминацијата може да се соочат и дека може да се почне да се работи на отстранување на овие негативни општествени појави.
Миралем Турсиновиќ – hCa/ORC Тузла
Јасмин Јашаревиќ – PRONI Брчко