Јавна дебата: “Регионална работа на демилитаризација на свеста – предности и можности“
Хелсиншкиот граѓански парламент (хЦа) Тузла / Младинскиот ресурсен центар (ОРЦ) Тузла, ја организираше дебатата “Регионална работа на демилитаризација на свеста – предности и можности“, во среда на 15 Април, 2009 во Куќата на пламенот на мирот, од 13:00 до 15:00 часот. Воведничари во дебатата беа Миралем Турсиновиќ (ХЦА/ОРЦ Тузла) и Вехид Шехиќ (Форум на граѓаните на Тузла).
На дебатата беа присутни претставници на МВР, Просветно педагошкиот завод, претставници на средните училишта од Тузла, младински организации, политички партии, претставници на факултетите од Тузла и здруженија на студентите, граѓани, како и претставници на медиумите.
После претставувањето на Регионалната работа на демилитаризација, цели и активности, расправата првенствено продолжи за малолетничката деликвенција во Тузла, потоа за се поголемиот број на кривични дела кои вклучуваат употреба на огнено оружје, корупцијата на Тузланските факултети, пасивноста на граѓаните на Тузла, како и пасивноста на младинските организации.
Генерален заклучок е тоа дека оваа дебата претставува само почеток кон решавањето на проблемите кои се многу сложени и кои бараат вклучување на сите одговорни институции, затоа што сите ние имаме одговорност кон она што се случува околу нас и во нашиот град.
ОРЦ Тузла
Настанот е дел од Програмата “Регионални иницијативи за демилитаризација“ координирана од страна на Мировна Акција.