На 17 и 18 Ноември 2014 година, во Белфаст, Северна Ирска, се одржа меѓународна конференција: Записи за конфликтот: Дигитално архивирање на приказните за изградба на мир, организирана од INCORE Институтот, при Универзитетот во Улстер.
На конференцијата како говорник беше поканет и Боро Китаноски, во сесијата 2.2. Создавање простор за конфликтните приказни. Поканата доаѓа како продолжение на контактите остварени при студиската посета на групата интервјуери од Мировна акција во Северна Ирска од Април 2014.
Самата конференција претставуваше забележителен обид да се спојат два од повеќето светови поврзани со изградбата на мирот, едниот на архивите на конфликти и нивното организирање со тој на активистите кои работат на собирање на материјалите и нивната употреба како заеднички предизвик. Заедничката дилема околу која беше и клучното споделување на конференцијата се движеше околу прашањата поврзани со употреба на собраните материјали во процесот на изградба на мир.
Кратко видео со моменти од конференцијата: