Во периодот од 5ти до 7ми декември 2017 година, активист(к)ите на Мировна акција имаа работилница за аплицирање на „Do No Harm“ алатката врз работата на Мировна акција. Беа одблиску анализирани трите програми на Мировна акција: Соочување со минатото, Поддршка на интегрирано образование и Регионална соработка, како и нашите внатрешни начини на функционирање и алатката беше применета врз сите процеси, со што произлегоа идеи и потреби за редизајн на дел од активностите.
Работилницата беше изведена во соработка со нашите долгогодишни партнери и пријател(к)и Kurve Wustrow од Германија.