На Скопскиот саем, на 18-ти Октовмри, од 10 до 16 часот се одржа Националната конференција „Градење култура на соживот“ која што беше организирана од 8-те грантисти од Програмата ИПА за поддршка на граѓанското општесво и медиумите за 2014 година, Приоритет 3: Поромоција на подобрени односи помеѓу заедниците, со соработка со Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Идејата беше конференцијата да служи како отворен форум за дијалот помеѓу грантистите, локалната самоуправа и останатите чинители кои работат на полето на меѓу-етничките односи. Поконкретно, настрана дијалогот, целите на конференцијата беа исто така и да се зајакне соработката на граѓанското општество со локалните власти и да се развијат препораки за понатамошни акции за поттикнување на соработка помеѓу етничките заедници.
Конференцијата беше отворена од Детскиот хор – дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностa“ и со воведно излагање на Шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Г-дин Самуел Жбогар кој збруваше за поддршката на ЕУ за конструктивни меѓу-етнички односи.
На конференцијата се дискутираше и околу состојбата со мултикултурните политики и практики, на што дадоа осврт и претставници од Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор и Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Во склоп на конференцијата имаше и две панел дискусии. Првата панел дискусија беше на темата Општествено-културните карактеристики на општините и развојот на меѓу-етничките односи каде учестуваа градоначалниците на општините Струга, Маврово-Ростуше, Липково и Претседателот на Советот на општина Гостивар.
На втората панел дискусија на темата „Граѓанскиот сектор како про-активен чинител во поддршката на меѓу-етничкиот соживот“ учествуваше и Горан Талески од Мировна акција кој имаше излагање на темата „Мултикултурализмот и интеркултурализмот во образовниот процес“, а имаше излагања и околу функцијата на комисиите за односи помеѓу заедниците и за инклузијата на малцинските заедници.
Како дел од конференцијата имаше и Проектен саем, поточно беа поставени штандови на невладините организации – организатори на конференцијата. Мировна акција на својот штанд постави разни свои постери, стикери, брошури, и книги, за кои доста присутни беа заинтересирани.
Главната цел на Конференцијата беше промовирање на дискусија и подигање на свеста за добрата пракса во поттикнувањето на соработката помеѓу заедниците.