Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово во партнерство со Центарот за мировни студии од Загреб во рамки на проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” објавуваат повик за грантови на граѓански организации, со цел зајакнување на процесите на интегрирано образование во училиштата преку зголемување на јавната поддршка за тоа.
Грантовите во рамки на проектот се доделуваат на граѓански организации во општините каде се спроведува и самиот проект: Скопје, Куманово, Прилеп, Долнени, Македонски брод и Гостивар.
Со цел зголемување на јавната поддршка на процесот на Меѓуетничка интеграција во образованието, Мировна акција заедно со Центарот за мировни студии спроведуваат регрантирање во општините каде се спроведува проектот. Локалните невладини организации од тие општини ќе спроведуваат активности за промоција на МИО активностите на училиштата и други активности со цел јавна промоција на процесот.
Повеќе информации за проектот и неговите тековни активности може да се најдат на http://obrazovanie.mirovnaakcija.org/
Очекувања од предлог проектите
- да бидат насочени кон зголемување на јавната поддршка на локално или национално ниво на процесот на Меѓуетничка интеграција во образованието;
- да остварат соработка барем со едно основно или средно училиште од општината каде работи организацијата.
Вкупен фонд и висина на поединечните грантови
Вкупниот фонд изнесува 20.000 евра, додека пак за секој поединечен грант се предвидени максимални 5.000 евра.
Времетраење на проектите
Предлог-проектите треба да траат четири месеци, во 2018 година. Проектот треба да започне на 1-ви Април 2018 година и да заврши на 20-ти Јули 2018 година.
Документи за аплицирање
Рок и начин на аплицирање
Образецот за пријавување и буџетот на проектот треба да се пополнат на англиски јазик и да се испратат на е-пошта office@mirovnaakcija.org. Образецот за пријавување треба да се потпише на последната страна, таа да се скенира и како збирен пдф документ да се испрати заедно со идентичен таков документ во doc формат.
Краен рок за доставување на апликацијата е 16:00 на 10.03.2018.
Контакт информации: