Од 13 до 15 Јули 2010 година се одржа втората по ред обука за интервјуери/ки за орална историја. Во рамките на програмата Соочување со минатото од војната во 2001ва, Мировна акција прави фокусирани обуки за тимот на интервјуери/ки кои работат на собирање на животни приказни поврзани со 2001ва. Оваа обука беше за тимот кој ќе работи на собирањето на „женски“ приказни во периодот до крајот на 2010 година.
Обуката ја држеа: Боро Китаноски, Томас Колс и Лаура Лауберга Николова од Мировна акција, и Ирена Цветковиќ како гостинка, соработничка на серијата.