„РЕГИОНАЛНИ МЛАДИНСКИ АКЦИИ ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА“
Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ. Дискриминација на младите и националните малцинства во образованието
ДЕБАТА ВО БЈЕЛИНА
ИЗВЕШТАЈ
ORC Тузла во рамките на проектот „Регионални младински акции против дискриминација“ крајот на 2009 и почетокот на 2010 година направила анализа на состојбата на учеството на малцинствата и општото познавање на нивните права и ситуацијата во која се наоѓаат во БиХ со наслов: „Општествено зближување, рамноправно учество на малцинствата во БиХ“. Вкупно се пополнети 1526 прашалници, од кои 662 во Федерацијата на БиХ, 764 во Република Српска и 100 во областа Брчко БиХ.
Една од главните цели на овој проект е пред се подигнувањето на свеста на граѓаните на БиХ за важноста на борбата против дискриминацијата во БиХ и регионот, со посебен осврт на младите.
По добиените резултати од анализата, дефинирани се следниве области каде што младите најчесто се изложени на дискриминација во Бјелина:
1. Вработување
2. Образовен систем
3. Домување
Со добиените податоци дека во Бјелина најголеми жртви на дискриминација се националните малцинства, младите и жените, како и тоа што најголем број од испитаниците во своите коментари повикуваат на конкретни акции со цел соочување и решавање на проблемите на дискриминација, ORC Тузла организираше дебата во Бјелина на тема „Дискриминација на младите и националните малцинства во образованието“ на која беа повикани релевантни субјекти од сите општествени области во Тузла, како на најдобар начин би дошле до конкретни препораки и предлози за идни акции, а и како би се променила на подобро ситуацијата во која младите и малцинствата се чувствуваат дискриминирани по прашањето на образованиот процес и системот на образование во Тузла.
На дебатата присуствуваа, во својство на панелисти:
Миралем Турсиновиќ – Директор на ORC Тузла
Бојана Секулиќ – Менаџер за обравование во PRONI Центарот за младински развој
Гласот на младите, националните малцинства и граѓаните на Бјелина го изнесоа пртетставниците на образовните институции, општинските власти на Бјелина, Младински организации, политички партии како и ученици и студенти од Бјелина како и претставници од OSCE, теренска канцеларија Бјелина.
Дебатата е одржана на 21.10.2010 во просториите на Народната библиотека „Филип Вишниќ“ во Бјелина, со присуство на околу 30 учесници, со многу добра медиска покриеност на самиот настан од страна на локалните и државните медии. Дебатата траеше два часа, модератор на дебатата беше Јасмин Јашаревиќ од PRONI Центарот за младински развој.
Оваа дебата беше идеална прилика за претставниците на власта и институциите да ги слушнат мислењата од младите и малцинствата на оваа тема, како и да започнат сериозен дијалог со нив со цел за решавање на овие проблеми. За жал, оваа можност делумно е пропуштена, со оглед дека на дебатата не се појавија најодговорните луѓе од образовните како ниту поголем број претставници на општинските власти и претставници на високообразовните установи од Бјелина.
Со оглед на тоа дека на дебатата присуствуваше само еден претставник на општина Бјелина (Samer El Chekh), кој зеде активно учество во дебатата. На самиот почеток тој го истакна ставот на Министерството и општината Бјелина дека дискриминацијата по прашањето на националните малцинства, т.е на Ромската популација не постои во тој облик и во толкав обем, а што и подоцна скоро сите останати учесници и потврдија, се дојде до контрадикторни податоци, каде резултатите од анкетата говорат за висок степен на дискриминација на младите, а посебно на националните малцинства во Бјелина.
Од друга страна, младите и претставниците од граѓанските организации кои зедоа активно учество на дебатата само ги потврдија препораките и наодите од самото истражуавње и анализите од истражувањата кои повикуваат на конкретни акции и кои покажуваат дека постои дискриминација на националните малцинства и дискриминација во образованието.
Некои од дискутантите се обидуваа да го негираат тоа во што е можно поголема мера и се стекна впечаток дека во Бјелина не да не постои дискриминација на националните малцинства и малдите, туку дури дека општина Бјелина може да послужи за пример и некои европски држави!
Оваа контрадикторност се провлекуваше во текот на целата дебата и скоро сите учесници на дебатата, освен г-ца Секулиќ, се согласија некако со овие тврдења на претставниците на општината и образовниот систем. Дури и во поголем дел во текот на дебатата во неколку наврати ги споменуваа ставовите од типот, дека Ромите во Бјелина имаат повластена положба (добиваат бесплатни учебници, сендвичи, итн), како и тоа дека Ромите „не се за ништо друго освен за собирање на секундарните суровини“ и други слични, често и навредливи коментари на сметка на Ромската популација и дускутанти кои споменаа дека со Ромите може да се работи.
Бидејќи настапи очигледно недоразбирање за оваа тематика, модераторот се обиде (на знак на организаторот) во текот на дискусијата да наведе проблеми што ги имаат младите во генерална смисла и зошто се чувствуваат дискриминирано, но и на оваа тема, слично како и на темата дискриминација на Ромите, имаше обид да се дискредитира самото истражување и наодите од истражувањата.
Дебатата започна со воведниот дел каде г-дин Миралем Турсиновиќ накратко ги информираше учесниците за самиот проект „Регионални младински акции против дискриминација“ како и за резултатите и препораките од истражувањето поврзани за дискриминацијата во БиХ.
После Миралем, на учесниците на дебатата им се обрати г-ца Бојана Секулиќ, која резултатите од анализата ги поврза со имплементацијата на Младинските политики во општина Бјелина и работата на општината со Ромската популација.
По воведниот дел следеше дискусија на која вкупно 8 учесници, некои и по неколку пати, ги изнесоа своите ставови, своите искуства, поставуваa прашања, даваа свои предлози и препораки за понатамошна работа на оваа тема.
Дебатата помина во многу динамична атмосфера со мал број на предлози и примери на дискриминација, но со големи емотивни набои на обидите за дискредитација на истражувањата и организаторот и осуда за општинските власти чии претставници не се појавија во голем број.
На крајот сепак произлегоа одредени препораки и заклучоци кои можат да послужат како основа за понатамошно делување на полето за вклучување на младите и националните малцинства во образовниот систем во општина Бјелина.
ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ
– Потребна е дополнителна едукација на родителите на децата од Ромска националност со цел зголемување на бројот на Ромски деца вклучени во образовниот систем;
– Воведување механизми за дополнителна мотивација за Ромите да се вклучат во образовниот систем;
– Да се направи поопширно истражување кое ќе се фокусира на најзначајните резултати во областите на дискриминација при вработување, образование и решавање на станбените проблеми на младите во Бјелина;
– Повеќе едукација од областа на дискриминација, која би се спроведувала системски – во прва година во средните училишта;
– Едукација на претставниците на општинските власти да ги слушаат мислењата на младите.
Миралем Турсиновиќ – hCa/ORC Тузла
Јасмин Јашаревиќ – PRONI Брчко