АНП од Гнилање во рамките на проектот „Регионални младински акции против дискриминација“ на 24.03.2010 година ги спроведе следниве активности:
– Изработка на антидискриминациски сет со дизајни
– Изложба за дискриминација
– Улична акција
Овие активности се одвиваа во центарот на градот, пред Националниот Театар во соработка на АНП тимот и младите учесници од овој проект. Целта на оваа акција беше соочување на граѓаните со присуството на дискриминација како и запознавање на нејзините облици и последици кои се рефлектираат во општеството. Импровизираниот простор беше преполн со елементи за дискриминација, а исто така и пропратен со ужасна музика. Акцијата беше посетена од голем број на граѓани, а воедно и медиски пропратена од разни Тв станици. Целни група на овие активности беа: граѓани од различен профил и различни генерации, локални институции, работници, ученици, студенти, NGO активисти, новинари итн.
Во текот на претпладнето учесниците на овој проект ги припремаа нивните уметнички работи кои подоцна ги поставија во просторот и активно учествуваа во подготовката на изложбата и за дочекот на посетителите.
Една група на млади исклучиво работеше на дистрибуирање промотивни материјали, како и лепење постери со порака „Ослободи го умот – Не дискриминирај“.
Иако врнеше, активностите кои се спроведоа имаа големо влијание на освестувањето на граѓаните за постоењето на формите на дискриминација како и за потребите да се работи и влијае на овој феномен.
Позитивниот фидбек од граѓаните и учесниците ни укажува дека акцијата била многу успешна и дава сила да оваа акција се повтори и во некој друг град.
Срдечен поздрав од Гнилање
Неџад и Гази.