ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
МЕНТОРИ ЗА НАПРЕДНА ПРОГРАМА ЗА СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО И ИЗГРАДБА НА МИР
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани да достават понуда за МЕНТОРИ ЗА НАПРЕДНА ПРОГРАМА ЗА СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО И ИЗГРАДБА НА МИР за потребите на Мировна акција.
Мировна акција во 2019 и почетокот на 2020 година спроведе Напредна програма за соочување со минатото и изградба на мир. Програмата се состоеше од 5 фази кои беа реализирани преку организирани тренинзи или студиски патувања. Следи процес во кој учесниците во Програмата ќе имаат можност да реализираат активности поврзани со Соочување со минатото и/или изградба на мир. Задачата на менторите е да го фасцилитираат овој процес и да дадат поддршка на учесниците во реализација на нивните активности. Ќе бидат избрани 3 ментори. Бројот на активности кои ќе бидат спроведени ќе биде 7 и ќе се изведуваат до крај на 2020-та.
Работни задачи:
- Менторирање на учесниците во напредната програма во спроведување на активности од страна на учесниците
- Консултација со проектниот тим на Мировна акција во врска со процесот
- Поднесување на извештај за спроведените активности со вклучена анализа на активностите и евалуација на реализацијата на истите.
- Соработка со останатите 2 ментори во процесот на менторирање и поделба на обврски
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи сума за ангажманот распоредена по дневници
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката со назнака на клучните компетенции кои гарантираат успешно менторирање.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериуми за оценување на понудите се цената и компетенции во областите дефинирани со повикот.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 6.11.2020 година (петок) до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 9.11.2020.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 26.10.2020, Прилеп