ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
на
искусни ТРЕНЕРИ од областа на Интегрирано образование и изградба на мир за: Планирање и изведба на едукација на наставници по историја за користење на наставни помагала од предметот историја“
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларија во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Тренерите ќе работат во соработка со тренерски тим на Мировна акција со кој ќе треба да дизајнираат и изведат едукација на наставници по историја за подготовка и реализација на вон-наставни активности за изградба на мир користејќи наставни помагала за историја во продукција на Мировна акција.
Тренерскиот ангажман трае вкупно 5 денови, каде што Тренингот ќе биде изведен во периодот 04-06.10.2024 година, а останатите денови се предвидени за подготовка и евалуација на истиот.
Ангажманот опфаќа:
- Планирање на едукација и координација со тимот на Мировна акција;
- Детално планирање на работилниците и временски распоред;
- Изведба на едукација;
- Евалуација на едукацијата.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и квалитет на тренерско искуство во областите Изградба на мир, работа со наставен кадар и познавање на работата на Мировна акција во областа на меѓуетничка интеграција во образованието.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 26.09.2024 година.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 27.09.2024.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за ангажманот по дневници (цена на една дневница), CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на тренингот.
Датум и место : 12.09.2024, Прилеп