ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА
НАБАВКА НА ПАТНИЧКО ВОЗИЛО
Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за патничко возило. Возилото треба да ги исполнува следните услови:
- Возилото треба да биде веднаш достапно т.е. на лагер (за возила за кои треба чекање не треба да се праќа понуда).
- Тип на возило: SUV или MPV
- Мотор со минимум 130КС и ЕУРО 6 стандард;
- Менувач: автоматски
- Должина на возило: не помала од 4.350 мм.
- Активна безбедност: ABS, ESP;
- Пасивна безбедност: воздушни перници, воздушни завеси;
- Број на седишта: 5
- Паркинг сензори напред и назад со визуелизација на централен дисплеј
- Централно заклучување
- Електрика на предни и задни прозори
- Темпомат
- Контроли на волан
- Седишта обложени со текстил
- Централен дисплеј со функционалност на Таблет (контроли со допир) и со можност за безжично софтверско поврзување на Apple/Android уреди
- USB(C) конектор (минимум 1) во близина (под) на централниот дисплеј
- Auto-hold паркинг кочница
- Дополнителна опрема/можност поврзана со зголемена сигурност (активна и пасивна) ќе биде земена во предвид при избор на возилото:
- Предупредување за судир однапред + автоматско кочење,
- Препознавање на пешаци и велосипедисти со автоматско кочење, автоматско држење на лента со предупредување до возачот
- друго
- Предвиден буџет за набавка на возило: околу 35.000 евра во денарска противвредност.
Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 15.04.2025 година.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 16.04.2025.
Административните обврски заедно со плаќањето и преземањето на возилото од страна на Мировна акција мора да завршат до 25.04.2025.
Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на горенаведените спецификации. Во понудата треба да биде назначена вкупна цена со ДДВ како и рокот на достава на возилото.
Понудите да се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
На истиот мејл може да поставувате и евентуални прашања поврзани со повикот, доколку ги имате.
Датум и место: 09.04.2025, Прилеп