- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ПРЕВОД НА ИНТЕРВЈУА ОД АЛБАНСКИ ЈАЗИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК за потребите на Мировна акција.
Вкупната должина на интервјуата е помеѓу 200 и 250 страници (1 страница текст содржи 1.800 карактери со празни места).
Текстовите ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи:
- барана цена за превод на 1 страница на текст
- вкупната побарана цена за превод на 200 страници текст
- вкупната побарана цена за превод на 250 страници текст
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката.
- Критериуми за оценување на понудите
Клучен критериум за оценување на понудите е цената.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 11.08.2020 година до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 13.08.2020.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 05.08.2020, Прилеп