ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларија во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК за потребите на Мировна акција.
Вкупниот број на страници се проценува помеѓу 250 и 350 страници (1 страница = 1.800 карактери со празни места).
Текстовите ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- За таа цел, ве повикуваме да пратите Понуда во која ќе биде наведено:
Понудата треба да содржи:
- барана цена за превод на 1 страница на текст имајќи го предвид бројот на страни предвидени за превод.
- Претходни ангажмани релевантни за понудата (во одвоен документ или во телото на е-поштата)
- Критериуми за оценување на понудите
Понудите ќе бидат оценувани според следните критериуми:
- Критериум за оценување на понудите е цената.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 04.04.2025 година.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 07.04.2025.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 20.03.2025, Прилеп