ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
ПРОВЕРКА И СИНХРОНИЗАЦИЈА НА ПРЕВОДИ ОД ИНТЕРВЈУА
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларија во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ПРОВЕРКА И СИНХРОНИЗАЦИЈА НА ПРЕВОДИ ОД ИНТЕРВЈУА за потребите на Мировна акција.
Интервјуата кои се прават во рамките на работата на Мировна акција можат да бидат на македонски, албански и англиски јазик. Секое интервју се преведува на другите два јазици (Пр. Кога оригиналниот јазик на интервјуто е англиски јазик, интервјуата се преведуваат на албански и на македонски јазик). Потребно е лице кои ги разбира сите 3 јазици и може да направи корекција на преводите со цел синхронизација на преводите со оригиналот.
Текстовите ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- За таа цел, ве повикуваме да пратите Понуда во која ќе биде наведено:
Понудата треба да содржи:
- барана цена за 1 страница корекција и синхронизација на текст (1 страница = 1.800 карактери со празни места)
Бидејќи работата е тековна и некои интервјуа се уште се предвидени да бидат снимени не можеме да наведеме точна бројка на страни за работа. Сепак, бројот би бил повеќе од 700 страни текст.
- Критериуми за оценување на понудите
Понудите ќе бидат оценувани според следните критериуми:
Критериум за оценување на понудите е цената.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 27.06.2025 година.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 30.06.2025.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 16.06.2025, Прилеп