ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
на
искусни ТРЕНЕРИ од областа на Соочување со минатото и изградба на мир за: Планирање и изведба на Тренинг за изградба на мир и соочување со минатото „10 Дена мировна република“
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларија во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Тренерите ќе работат во соработка со тренерски тим на Мировна акција со кој ќе треба да дизајнираат и изведат тренинг за изградба на мир и соочување со минатото, програма позната како „10 дена мировна република“.
Тренерскиот ангажман трае вкупно 14 денови, каде што Тренингот ќе биде изведен во периодот 31.10. – 10.11.2024 година, а останатите денови се предвидени за подготовка и евалуација на истиот.
Ангажманот опфаќа:
- Планирање на тренингот и координација со тимот на Мировна акција;
- Детално планирање на работилниците и временски распоред;
- Изведба на тренингот;
- Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и квалитет на тренерско искуство во областите Изградба на мир и Соочување со минатото.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 11.09.2024 година (среда).
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 12.09.2024.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за ангажманот по дневници (цена на една дневница), CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на тренингот.
Датум и место : 28.08.2024, Прилеп