ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ПЕЧАТЕЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА И СПИСАНИЕ
- Податоци за организацијата која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за печатење на Документација и Списание за потребите на Мировна акција.
Овие публикации се дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификација за печат на Документација
Се работи за 3 верзии на Документација и тоа:
- „Изградба на мир после ковид (2022-2024)“ на македонски јазик кое треба да биде печатено во 600 примероци
- Ndërtimi i paqes pas kovidit (2022-2024) на албански јазик кое треба да биде печатено во 300 примероци
- Peacebuilding after Covid (2022-2024) на англиски јазик кое треба да биде печатено во 200 примероци
Секое од овие изданија поседува свој ISBN број.
Технички податоци кои се исти за трите изданија:
- Димензија: B5
- Број на страни: 48 (44 внатрешност + 4 страни корица);
- Квалитет на внатрешна хартија: оффсет бел, 80гр.;
- Корици: Картон, 200гр, мат;
- Бои: Корици целосно во боја, внатре целосно во боја.
- Спецификација за печат на Списание „Отворено“
Се работи за списание Отворено (на македонски јазик) кое треба да биде печатено во 700 примероци
Изданието поседува свој ISSN број.
Технички податоци:
- Димензија: А4
- Број на страни: 52 (48 внатрешност + 4 страни корица) ;
- Квалитет на внатрешна хартија: Бела оффсет, 80гр.;
- Корици: Картон, 160гр, мат;
- Подготовката на печатените материјали за печат (прелом) е обврска на печатницата.
- Критериуми за оценување на понудите
Единствен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 24.12.2024 година.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 25.12.2024.
Мировна акција ќе достави готов дизајн на изданијата до избраната печатница.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на спецификациите за печатење на книга.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 20.12.2024, Прилеп