ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРИРАЧНИК, КНИГА И СПИСАНИЕ
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за печатење на прирачник, книга и списание за потребите на Мировна акција.
- Печатење на Прирачник
- Димензија: А4
- Број на страни: 88+4;
- Квалитет на внатрешна хартија: Бела 80 гр.;
- Корици: Картон, 300гр, мат;
- Бои: Внатрешност во две бои, корици целосен колор.
- Број на копии: 350.
- Подготовка и печат на Книга „Сите наши солзи“
- Димензија: А4
- Број на страни: 84;
- Квалитет на внатрешна хартија: Бела, 80гр.;
- Корици: Картон, 300гр, мат;
- Бои корици: Целосен колор.
- Бои внатрешност: 10 страници целосен колор, останатите со две бои.
- Број на копии: 600.
- Подготовка и печат на Списание „Отворено“
Се работи за 2 верзии на истото списание и тоа:
- Отворено (на македонски јазик) кое треба да биде печатено во 1.000 примероци
- Hapur (на албански јазик) кое треба да биде печатено во 500 примероци
Секое од овие изданија поседува свој ISSN број.
Технички податоци кои се исти за двете изданија
- Димензија: А4
- Број на страни: 40 (36 внатрешност + 4 страни корица) ;
- Квалитет на внатрешна хартија: жолта волуменозна, 80гр.;
- Корици: Картон, 160гр, мат;
- Бои: Внатрешност и корици во две бои.
Подготовката на печатените материјали за печат (прелом) е обврска на печатницата.
- Критериуми за оценување на понудите
Основен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 26.12.2023 година.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 27.12.2023.
Мировна акција ќе достави готов дизајн на промотивните материјали и прирачникот до избраната печатница.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на горенаведените спецификации. Во понудата треба да биде назначена цена по продукт без ДДВ, цена по продукт со ДДВ и вкупна цена со ДДВ.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 07.12.2023, Прилеп