ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ПЕЧАТЕЊЕ НА ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПРИРАЧНИК
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
2. Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за печатење на промотивни материјали и прирачник за потребите на Мировна акција.
Ова е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
3. Печатење на промотивни материјали
a. Печатење на текст на платнени торби (помеѓу 5-10 линии). Торбите се во сопственост на Мировна акција. Број на торби: 200.
б. Печатење на 1 линија текст на картонски пенкала. Пенкалата се во сопственост на Мировна акција. Број на пенкала: 400.
в. Подготовка и печат на Папки со следните спецификации:
- Димензии: А4+ (комотно да собира материјали А4 до 100 страници)
- Материјал: Тврд картон пластифициран
- Друга спецификација: Еластичен конец во висина на папка
- Боја: Колор
- Број на примероци: 400.
г. Подготовка и печат на Тефтери со следните спецификации:
- Димензии: 230 x 195 mm
- Материјал: 60стр. Волуменозна хартија
- Корица: моден картон
- Број на примероци: 400.
д. Подготовка и печат на Летоци со следните спецификации:
- Димензии: А4
- Материјал: кунздрук 115гр.
- Боја: Колор, двострано
- Број на примероци: 4.000.
4. Печатење на прирачник:
- Димензија: А4
- Број на страни: 88+4;
- Квалитет на внатрешна хартија: Офсет 70 гр.;
- Корици: Картон, 300гр, мат;
- Бои: Внатрешност во две бои, корици целосен колор.
- Број на копии: 450.
Подготовката на печатените материјали за печат (прелом) е обврска на печатницата.
5. Критериуми за оценување на понудите
Основен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
6. Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 09.12.2022 година до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 13.12.2022.
Мировна акција ќе достави готов дизајн на промотивните материјали и прирачникот до избраната печатница.
7. Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на горенаведените спецификации. Во понудата треба да биде назначена единечна цена, вкупна цена без ДДВ за наведениот број примероци и вкупна цена со ДДВ за секој.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 21.11.2022, Прилеп