ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
ПЕЧАТЕЊЕ НА СПИСАНИЕ И КНИГА
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за печатење на Списание и Книга за потребите на Мировна акција.
Оваа публикација е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификација за печат на Списание „Отворено“
Се работи за 2 верзии на истото списание и тоа:
- Отворено (на македонски јазик) кое треба да биде печатено во 1.000 примероци
- Hapur (на албански јазик) кое треба да биде печатено во 500 примероци
Секое од овие изданија поседува свој ISSN број.
Технички податоци кои се исти за двете изданија:
- Димензија: А4
- Број на страни: 52 (48 внатрешност + 4 страни корица) ;
- Квалитет на внатрешна хартија: Бела оффсет, 80гр.;
- Корици: Картон, 160гр, мат;
- Бои: Внатрешност и корици во две бои.
- Спецификации за печатење на книга
- Димензија: А5
- Број на страни: 400, со можност овој број да е поголем или помал за 50;
- Квалитет на внатрешна хартија: жолта волуменозна, 80гр.;
- Корици: Картон, 300гр, мат;
- Бои: Внатрешност во две бои, корици целосен колор;
- Обележувач за книга, целосен колор;
- Број на копии: 1.000.
Подготовката на печатените материјали за печат (прелом) е обврска на печатницата.
- Критериуми за оценување на понудите
Единствен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 5.12.2024 година.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 10.12.2024.
Мировна акција ќе достави готов дизајн на книга до избраната печатница.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на спецификациите за печатење на книга.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 15.11.2024, Прилеп