- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ПРЕВОД НА ИНТЕРВЈУА ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК за потребите на Мировна акција.
Вкупната должина на интервјуата е помеѓу 75 и 95 страници (1 страница текст содржи 1.800 карактери со празни места).
Текстовите ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи:
- барана цена за превод на 1 страница на текст
- вкупната побарана цена за превод на 75 страници текст
- вкупната побарана цена за превод на 95 страници текст
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката.
- Критериуми за оценување на понудите
Клучен критериум за оценување на понудите е цената.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 31.07.2020 година до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 04.08.2020.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 24.07.2020, Прилеп