ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ИЗРАБОТКА НА ТИТЛА ЗА ИНТЕРВЈУ НА ВЕЌЕ ПОДГОТВЕНА ТИТЛА НА ОРИГИНАЛЕН ЈАЗИК
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за ИЗРАБОТКА НА ТИТЛА ЗА ИНТЕРВЈУ ПРЕВЕДЕНО НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК (ОД МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК) И ИЗРАБОТКА НА ТИТЛА ЗА ИНТЕРВЈУ ПРЕВЕДЕНО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ОД АЛБАНСКИ ЈАЗИК) И ИЗРАБОТКА НА ТИТЛА ЗА ИНТЕРВЈУ ПРЕВЕДЕНО НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК (ОД АЛБАНСКИ ЈАЗИК) НА ВЕЌЕ ПОДГОТВЕНА ТИТЛА НА ОРИГИНАЛЕН ЈАЗИК за потребите на Мировна акција.
Вкупната должина на интервјуата е помеѓу 220 и 275 страници (1 страница текст содржи 1.800 карактери со празни места).
Интервјуата ќе бидат користени за потреби на Мировна акција во програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи:
- барана цена за титла на 1 страница на текст
- вкупната побарана цена за титла на 220 страници текст
- вкупната побарана цена за титла на 275 страници текст
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката.
- Критериуми за оценување на понудите
Клучен критериум за оценување на понудите е цената.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 30.10.2020 година (петок) до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 02.11.2020.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 19.10.2020, Прилеп