ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ПЕЧАТЕЊЕ НА СПИСАНИЕ
- Податоци за организација која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за печатење на Списание за потребите на Мировна акција.
Оваа публикација е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификации за печатење на Списание
Се работи за 2 верзии на истото списание и тоа:
- Отворено (на македонски јазик) кое треба да биде печатено во 1.000 примероци
- Hapur (на албански јазик) кое треба да биде печатено во 500 примероци
Секое од овие изданија поседува свој ISSN број.
Технички податоци кои се исти за двете изданија
- Димензија: А4
- Број на страни: 44 (40 внатрешност + 4 страни корица) ;
- Квалитет на внатрешна хартија: жолта волуменозна, 80гр.;
- Корици: Картон, 160гр, мат;
- Бои: Внатрешност и корици во две бои.
Подготовката на печатените материјали за печат (прелом) е обврска на печатницата.
- Критериуми за оценување на понудите
Единствен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 24.12.2021 година (петок) до 15 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 27.12.2021.
Мировна акција ќе достави готов дизајн на двете изданија од Списанието до избраната печатница.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на спецификациите за печатење на книга.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 13.12.2021, Прилеп