ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
Осмислување и подготовка на Прирачник за изработка, обработка, користење и архивирање на интервјуа (животни приказни)
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за Осмислување и подготовка на Прирачник за изработка, обработка, користење и архивирање на интервјуа (животни приказни) за потребите на Мировна акција. На повикот ќе биде избрано едно лице со кое Мировна акција ќе склучи авторски договор.
Прирачникот ќе биде јавно достапен, а ќе биде издаден од Здружението Мировна акција во рамките на програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија. Прирачникот треба да биде изработен до крајот на 2020 година.
- Спецификации за прирачникот
Прирачникот треба да содржи детална разработка на процесот на изработка, обработка, користење и архивирање на интервјуа (животни приказни) вклучувајќи:
- Работни места потребни за процесирање на интервју со нивни опис
- Технички аспекти на снимање на интервју
- Водич за подготовка и водење на интервју
- Правила за транскрипција на интервју
- Правила за превод на интервју
- Правила за лектура на интервју
- Водич за изработка на титла на интервју
- Архивирање на интервју
- Развој на формати за следење на процес на обработка на интервју
- Финансиска конструкција за изработка на интервју
- Развој на формат за следење на трошоци при процесирање на интервју
- Користење на интервју
- Архивирање на интервју
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи побаран авторски хонорар за изработка на прирачникот
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката во која апликантот ќе покаже дека има искуство во областа на орална историја.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериуми за оценување на понудите се цената и компетенции во областа на орална историја.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 6.11.2020 година (петок) до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 9.11.2020.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 26.10.2020, Прилеп