ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ПОДГОТОВКА НА НАЦРТ ПЛАН ЗА СОБИРАЊЕ НА СЕРИЈА ИНТЕРВЈУА, СНИМАЊЕ ИНТЕРВЈУА И ОБРАБОТКА НА ИНТЕРВЈУА
- Податоци за организација која го објавува повикот и работата на собирање интервјуа (животни приказни)
Здружението Мировна акција Прилеп е непрофитна организација со канцелариja во Прилеп. Организацијата активно работи од 2002 година.
Во рамките на својата работа, Здружението Мировна акција работи на собирање на интервјуа (животни приказни) за војната во 2001 година или во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како дел од својата програма за Соочување со минатото. Собирањето на интервјуа (животни приказни) е во насока на подобро разбирање на процеси и настани од минатото кои имаат важно значење за денешната состојба, како и за развојот на меѓуетничките односи во Македонија во последните 40 години. Досега, во архивите на Мировна акција има повеќе од 250 интервјуа. Собирањето на интервјуа, Мировна акција го прави во тематски серии. Темите кои досега биле предмет на собирање интервјуа се: млади, жени, раселени лица, немнозински заедници, соседи, верски заедници, ветерани, наставници.
Повеќе за работата на Мировна акција може да се најде на веб страната на Мировна акција www.mirovnaakcija.org каде понудувачите на овој повик може да најдат корисни информации при подготовка на нивната понуда.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за ПОДГОТОВКА НА НАЦРТ ПЛАН ЗА СОБИРАЊЕ НА СЕРИЈА ИНТЕРВЈУА, СНИМАЊЕ ИНТЕРВЈУА И ОБРАБОТКА НА ИНТЕРВЈУА.
- Нацрт план за собирање на серија интервјуа
Нацрт планот за собирање на интервјуа треба да содржи:
- Тема за собирање на серија интервјуа со кратко образложение зошто таа тема е значајна да добие приоритет во работата на Мировна акција на соочување со минатото
(Врз основа на нацрт планот, избраниот понудувач со кој Мировна акција ќе склучи Договор, ќе треба во рок од еден месец да подготви детално разработен план со образложение на контекстот и релевантноста на Серијата, методологијата која ќе биде користена, сет на прашања кои ќе бидат користени на интервјуата, детален временски распоред за снимање на интервјуата, временски план за обработка на интервјуата.)
- Краток опис на предвидена Методологија
- Временски план за изработка на интервјуата
- Единечна цена која ќе опфати: подготовка на детално изработен план; деск истражување за потенцијални лица кои ќе бидат интервјуарани (наратори) и подготовка на предлог листа на наратори која ќе биде доставена до тимот на Мировна акција за одобрување.
Уредничкиот колегиум на изданието ќе биде составен од тим од Мировна акција и избраниот понудувач. Сопственоста на сите собрани животни приказни (интервјуа) ќе прејде во Мировна акција.
- Снимање интервјуа
Од избраниот понудувач се очекува да комуницира со нараторите, да го организира снимањето на интервјуто, вклучително опрема и превоз и техничката обработка на интервјуто (основна монтажа со поставување на почетен и завршен кајрон).
Понудата за снимање интервјуа треба да содржи цена за снимање и техничка обработка на 1 интервју.
- Обработка на интервјуа
Понудата за обработка на интервјуата треба да вклучува:
- Цена за транскрипција на интервју по страна (1 страна = 1.800 карактери со празни места)
- Цена за изработка на оригинална титла на јазикот на интервјуто по страна (1 страна = 1.800 карактери со празни места)
- Цена за изработка на титла на превод на веќе готова титла на интервјуто по страна (1 страна = 1.800 карактери со празни места)
Лектура и преводи на собраните интервјуа ќе организира Мировна акција и тоа не треба да е дел од понудата.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за оценување на понудите ќе се базираат врз: понудената цена, релевантност на избраната тематска серија во корелација со постоечката колекција на животни приказни кои ги поседува Мировна акција, квалитетот на презентирање и разработка на нацрт планот за изработка на интервјуа, квалитет и искуство на понудувачот за изведба на ваква активност.
- Временски план за изведба на повикот
Објавување на повикот 10.5.2024.
Краен рок за доставување на понуди 30.5.2024.
Избор на најдобра понуда од страна на тимот на Мировна акција 3.6.2024.
Информација до понудувачите во врска со нивните понуди: 3.6.2024.
Склучување договор со избраниот понудувач: до 4.6.2024.
Изработка на детален план за собирање на серија интервјуа од страна на избраниот понудувач: до 20.6.2024.
Изработка на интервјуа: до крај на ноември 2024.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на горенаведените спецификации и CV на понудувачот.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Краен рок за доставување на понуди 30.5.2024.
Датум и место : 10.5.2024, Прилеп