ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
Дигитализирање (OCR) на новински написи од архивата на Мировна акција
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани, правни или физички субјекти да достават понуда за дигитализирање (OCR – Optical Caracter recognition) на новински написи од архивата на Мировна акција од весници од 2001 на албански и македонски јазик. На повикот ќе бидат избрани повеќе лица со кои Мировна акција ќе склучи договори.
Активноста се изведува во рамките на програмата Соочување со минатото, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
Ангажманот ќе трае се додека не се исцрпи расположивата архива на скенирани новински написи на Мировна акција.
Скенираните написи се со различен квалитет на скеновите, заради различниот квалитет на оригиналните весници (квалитет на хартија, штампа и сл.).
Ангажманот вклучува:
- Сортирање на скеновите од весниците добиени од Мировна акција
- Дигитализирање на написи, ОЦР обработка според списокот добиен од Мировна акција
- Соодветно снимање и именување на дигитализираните написи според методологијата добиена од Мировна акција
- Собирање и впишување на останатите мета податоци за секој напис поединечно
- Испраќање на скеновите и готовите материјали до Мировна акција
Работата ќе се одвива следејќи ги препораките во „Прирачникот за правење на на OCR (Optical character recognition) за Abby FineReader PDF 15 “ на Мировна акција.
- Спецификација за понудата
Понудата треба да се достави на е-пошта office@mirovnaakcija.org.
Пораката треба да содржи:
А) Понуда во која треба да се назначи побарана просечна цена за еден напис (Написите се со различна големина)
Б) Биографија (CV) на апликантот како посебен документ прикачен кон пораката со посебно нагласено искуство во дигитализација.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериуми за оценување на понудите се цената и компетенции во областа на дигитализација.
Понудите без биографија нема да бидат земени во предвид.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 16.05.2021 година (недела).
Избраниte понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 17.05.2021.
Со избраните понудувачи ќе се склучуваат договори.
- Поднесување на понуда
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 04.05.2021, Прилеп