ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА, ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
Изведба на теренско истражување и анкетирање на поранешни и актуелни внатрешно раселени лица од Арачиново
- Предмет на повикот
Да се се контактираат, соберат, обработат и документираат што е можно повеќе случаеви на лица кои се раселени од Арачиново како резултат на воениот конфликт од 2001-ва година. Бројот на анкетирани лица да е најмалку 150.
Анкетирањето да се изведе во периодот од склучување на договорот со Мировна акција (не покасно од 01.10.2020) до крајот на 2020 година. Деталната содржина на истражувањето ќе биде договорена во соработка со Мировна акција.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и компетенции кои гарантираат успешна изведба на анкетирањето.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за целиот ангажман, CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на анкетирањето.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 16.09.2020 година (среда) до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 18.09.2020 до 16 часот.
Датум и место : 02.09.2020, Прилеп