ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
на тренери од областа на интегрирано образование и изградба на мир
- Предмет на повикот
Тренерите ќе работат во соработка со тренерски тим на Мировна акција со кој ќе треба да дизајнираат и изведат втора фаза на тренинг програма за заедничка работа преку поддршка на наставници по историја за подготовка и реализација на вон-наставни активности за изградба на мир.
Тренерскиот ангажман трае вкупно 5 денови, каде што Тренингот ќе биде изведен во периодот 3-5.7.2023 година, а останатите денови се предвидени за подготовка и евалуација на истиот.
Ангажманот опфаќа:
- Планирање на тренингот и координација со тимот на Мировна акција;
- Детално планирање на работилниците и временски распоред;
- Изведба на тренингот;
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и квалитет на тренерско искуство во областите Изградба на мир и Соочување со минатото.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за ангажманот по дневници, CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на тренингот.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 26.06.2023 година (понеделник) до 16 часот.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 27.06.2023 до 16 часот.
Датум и место : 07.06.2023, Прилеп