ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА, ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
на
искусни тренери од областа на Соочување со минатото и изградба на мир за: Планирање и изведба на Тренинг за изградба на мир и соочување со минатото „10 Дена мировна република“
- Предмет на повикот
Тренерите ќе работат во соработка со тренерски тим на Мировна акција со кој ќе треба да дизајнираат и изведат тренинг за изградба на мир и соочување со минатото, програма позната како „10 дена мировна република“.
Тренингот ќе биде изведен во периодот 04 – 14.08.2022 година. Деновите потребни за подготовки на тренингот, координација и известување, треба оформениот тренерски тим сам да ги утврди.
Ангажманот опфаќа:
- Планирање на тренингот и координација со тимот на Мировна акција;
- Детално планирање на работилниците и временски распоред;
- Изведба на тренингот;
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и квалитет на тренерско искуство во областите Изградба на мир и Соочување со минатото.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за ангажманот по дневници, CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на тренингот.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 24.06.2022 година (петок) до 16часот.
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 27.06.2022 до 16 часот.
Датум и место : 07.06.2022, Прилеп