ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
на искусни тренери од областа на Соочување со минатото и изградба на мир за: Планирање и изведба на Тренинг за изградба на мир и соочување со минатото „10 Дена мировна република“
- Предмет на повикот
Тренерите ќе работат во соработка со тренерски тим на Мировна акција со кој ќе треба да дизајнираат и изведат тренинг за изградба на мир и соочување со минатото, програма позната како „10 дена мировна република“.
Тренерскиот ангажман трае вкупно 14 денови, каде што Тренингот ќе биде изведен во периодот 19 – 29.08.2023 година, а останатите денови се предвидени за подготовка и евалуација на истиот.
Ангажманот опфаќа:
- Планирање на тренингот и координација со тимот на Мировна акција;
- Детално планирање на работилниците и временски распоред;
- Изведба на тренингот;
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и квалитет на тренерско искуство во областите Изградба на мир и Соочување со минатото.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Понудата да содржи: сума за ангажманот по дневници, CV и опис на клучните компетенции кои гарантираат успешна изведба на тренингот.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 02.07.2023 година (недела).
Избраните понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 03.07.2023 до 16 часот.
Датум и место : 07.06.2023, Прилеп