ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ФОТОАПАРАТ СО ОБЈЕКТИВ
1. Податоци за организацијата која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
2. Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за набавка на фотоапарат со објектив.
Набавката на опремата е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
3. Спецификации за набавката
Фотоапаратот со објектив да биде во вредност до 93.000,00 денари.
4. Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и компаративни перформанси на понудените модели на фотоапарати.
5. Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 16.04.2020 година (четврток) до 12 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 21.04.2020 до 16 часот.
Опремата треба да се достави до Мировна акција најкасно до 29.04.2020.
Плаќањето ќе биде извршено до 30.04.2020.
6. Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 13.04.2020, Прилеп