ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ за
ТЕХНИЧКА ОПРЕМА
- Податоци за организацијата која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Мировна акција ги поканува сите заинтересирани субјекти да достават понуда за техничка опрема за потребите на Мировна акција.
Набавката на опремата е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
- Спецификации за техничка опрема
Опис на опрема | Количина | |
1. | Рутер Synology RT2600ac
|
1 |
2. | NAS уред Synology Disk Station DS1019+ | 1 |
3. | SSD M.2 Samsung NVMe 500GB или 512GB | 1 |
4. | HDD за NAS (Western Digital или Seagate) 10GB | 4 |
- Критериуми за оценување на понудите
Единствен критериум за оценување на понудите е најниската цена.
- Временски план за изведба на повикот
Заинтересираните субјекти може да аплицираат на повикот најкасно до 16.04.2020 година (четврток) до 12 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 21.04.2020 до 16 часот.
Опремата треба да се достави до Мировна акција најкасно до 29.04.2020.
Плаќањето ќе биде извршено до 30.04.2020.
- Поднесување на понуда
Понудата за заинтересираните субјекти треба да содржи финансиска понуда направена врз основа на спецификациите за техничка опрема. Понудувачите треба да понудат една вкупна цена за сета опрема која е предмет на овој повик.
Понудите се праќаат исклучиво преку електронска пошта на office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 13.04.2020, Прилеп