Младинската размена е првенствено за млади луѓе кои се заинтересирани да превземат лична одговорност во промислување и креирање локални акции на солидарност во условите на бегалската криза во Европа.
Повикот е отворен за граѓан(к)и на Македонија, Србија, Унгарија или Германија на возраст од 18 до 30 години. Работилниците ќе се одвиваат на англиски јазик, чие познавање е задолжително.
Првата младинска размена е во периодот 19 – 27.11.2017 во Хутен, Германија.
Втората младинска размена ќе биде во Април 2018, во Србија. Деталите ќе бидат подоцна утврдени.
Повеќе за програмата, детали за младинската размена и начин на аплицирање може да најдете на овој линк.
Пријавата може да ја пополните тука.
Рокот за пријави е до 28.10.2017.