Младински клуб „Под исто сонце” Јабланица, БиХ организира Прес конференција
– Претставување на проектот „Антидискриминација и Јас” што се имплементира
во рамките на Регионалниот проект „Регионални младински акции против
дискриминација” коориниран од страна на Мировна Акција – Прилеп.
Датум: 29.10.2010
Време: 12:00ч.
Место: Во просториите на Младинскиот клуб
Младинскиот клуб ќе организира прес-конференција со цел промоција на целиот
проект „Антидискриминација и Јас” како и упатување официјален повик за учество на
автори на филмскиот фестивал во Јабланица.
На конференцијата ќе бидат повикани сите битни медии од БиХ, а ќе биде упатено и
прес соопштение до медиските агенции.
На присутните медии ќе им се обрати Харис Халихоџиќ во својство на координатор на
проектот.