Оваа активност е во рамките на регионалниот проект „Регионални младински акции против дискриминација“ координиран од страна на Мировна Акција – Прилеп.
Проект „Каталог на предрасуди 2“
Носител на проектот: Едукативен центар – Крушевац
Партнерска организација: Едукационен центар Лесковац
Планирани активности за месец ноември
Жива библиотека. Место Лесковац, Гимназија, датум 11.11.2010. време 11-13ч.
Жива библиотека. Место Крушевац, Економско училиште, датум 22.11.2010. време 18:00-20:30ч.
Жива библиотека. Место Крушевац, Гимназија, датум 15.11.2010. време 18:00-20:30ч.
Жива библиотека. Место Лесковац, Економско училиште, датум 11.11.2010. време 12-14ч.
Жива библиотека. Место Лесковац, Техничко училиште, датум 12.11.2010. време 14-16ч.
Жива библиотека. Место Лебане, Гимназија, датум 12.11.2010. време 12-14ч.
Промотивен штанд. Место Влашотинце, Гимназија, датум 19.10.2010. време 11-13ч.
Промотивен штанд. Место Влашотинце, Техничко училиште, датум 19.10.2010. време 14-16ч.
„Каталог на предрасуди“ – Креирање на второ издание
Работилници „Живи библиотеки“
Во текот на месец октомври реализирани се промотивни штандови во средните училишта во Расинската и Јабланичката област кои имаа за цел да ги претстават претстојните актиности од проектот и да ги повикаат сите заинтересирани да земат учество. Во ноември ќе биде реализиран првиот круг работилници „Живи библиотеки“. „Живите библиотеки имаат за цел да го промовираат почитувањето на човековите права, како и почитувањето на различностите. Со овие работилници се отвара конструктивен дијалог меѓу младите, за предрасудите и стереотипите кои доведуваат до нетолеранција и дискриминација на поединци или припадници на одредени групи. Организатори и реализатори на „Живите библиотеки“ ќе бидат членови од врсничкиот тим, средношколци кои и во текот на минатата година учествувале во реализацијата на проектот. Двајца тренери ќе го следат процесот на подготовка и реализација на работилниците и ќе пружат поддршка на врсничкиот тим во организацијата на „Живите библиотеки“.
Брошура „Каталог на предрасуди“ второ издание
Во текот на ноември започнуваме со припремите на второто издание на брошурата „Каталог на предрасуди“. Второто издание ќе биде базирано на првото издание кое е креирано за време на активностите реализирани во 2009 година и дополнето со материјалите и искуствата добиени при реализацијата на овој проект.