Носител на активноста: Едукационен центар Лесковац
Оваа активност е дел од регионалниот проект “Регионални акции против дискриминации” координиран од страна на Мировна Акција.
Планирани активности за месец октомври
Промотивен штанд. Место Крушевац, Економско училиште, датум 08.10, време 12ч. – 14ч.
Промотивен штанд. Место Лесковац, Гимназија, датум 11.10.2010, време 10ч. – 12ч.
Промотивен штанд. Место Трстеник, Средно училиште, датум 12.10.2010, време 12ч. – 14ч.
Промотивен штанд. Место Лесковац, Економско училиште, датум 12.10.2010, време 14ч. – 16ч.
Промотивен штанд. Место Крушевац, Техничко училиште, датум 18.10.2010, време 12ч. – 14ч.
Промотивен штанд. Место Лесковац, Техничко училиште, датум 18.10.2010, време 11ч. – 13ч.
Промотивен штанд. Место Чичевац, Економско училиште, датум 20.10.2010, време 12ч. – 14ч.
Промотивен штанд. Место Лебане, Гимназија, датум 21.10.2010, време 11ч. – 13ч.
Живи библиотеки – формирање пер тим Место: Едукативен центар Крушевац, датум 25.10.2010, време 16ч. – 18ч.
Живи библиотеки – формирање пер тим Место: Едукационен центар Лесковац, датум 28.10.2010, време 14ч. – 16ч.
Промотивни штандови во средните училишта во Расинската и Јабланичката област
Промотивните штандови во средните училишта во Расинската и Јабланичката област се реализираат во текот на првите два месеци од реализацијата на проектот (септември и октомври). Промотивните штандови се осмислени со цел презентирање на претстојните проектни активности. Промотивните штандови се одржуваат во средните училишта кога има најголема фрекфенција на ученици (во периодот помеѓу две смени).
Волонтери од претходните години (учесници на Живите библиотеки) на промотивните штандови, ги презентираат „Живите билблиотеки“, делат промотивен материјал за Живите библиотеки (Кратко упатство за тоа што се Живите библиотеки и како се реализираат, кои се „книги“, „библиотекари“ и „читатели“, што е цел на реализција на Живите библиотеки). Во текот на реализацијата на промотивните штандови, волонтерите собираат предлози од средношколците за идните „книги“ на Живите библиотеки. При реализацијата на промотивните штандови, промотерите ги повикуваат средношколците да учествуваат во реализацијата на наредните Живи библиотеки.
Промотери на штандовите се ученици од средни училишта кои учествувале во работата на Живите библиотеки претходните години и имаат искуство во ораганизацијата на Живите библиотеки. Во текот на реализација на проектот, овие ученици ќе формираат тим на едукатори кои ќе бидат ангажирани во планирање и реализација на наредните Живи библиотеки.
„Живи библиотеки“ – формирање тимови на врснички едукатори
Тим на врснички едукатори ќе биде формиран од оние средношколци кои учествувале на обуките организирани во текот на 2009 година. Во текот на октомври ќе бидат формирани два тима од по 10 члена. Едниот тим ќе биде ангажиран во Расинката а другиот во Јабланичката област. Тимовите ќе бидат ангажирани на подготвителни активности (планирање на темите, датум и место на одржување на Живите библиотеки, избор и ангажирање на „книгите“, припрема на „библиотекарите“, повикување на „читателите“, подготовка на печатени материјали, реализација на Листа за евиденција, евалуациони листови, и комуникација со раководството на училиштето).
Тимот ќе биде поделен на поттимови од по два члена, кои ќе бидат ангажирани на реализација на Живите библиотеки, со поддршка на менторите од Едукативниот центар Крушевац и Едукациониот центар Лесковац.