Плоштад „Методија Андонов Ченто“, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Во рамките на манифестацијата „Денови на акција против дискриминацијата и милитаризмот 2013“ на 16,17 и 18 Мај беа организирани промотивни штандови во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ и во центарот на Прилеп. Активностите беа во организација на Мировна акција во соработка со Здружението на млади економисти.
Промотивниот штанд е дизајниран од Креативниот тим на Мировна акција. На промотивниот штанд имаше различни видови на регионални и локални промотивни материјали и тоа постери, флаери, беџови, налепници, примероци од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Дел од промотивните материјали на штандот имаа едукативен карактер за потребата за препознавање, спречување и заштита од различните појави на дискриминација, а други пак ги претставуваа регионалниот проект „Регионално младинско вмрежување против дискриминацијата во Западен Балкан“ и манифестацијата „Денови на акција против дискриминацијата и милитаризмот 2013“.
Млади активисти – средношколци од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ беа вклучени во организирање и реализирање на активностите и делење на промотивни материјали.
Средношколците покажаа голем интерес за настанот, се информираа за активностите, манифестацијата и програмата.
Промотивниот штанд во центар го посетија голем број на граѓани од различна возраст кои се информираа за активностите и за манифестацијата како и за начините на заштита од различните појави на дискриминација. Младите активисти го опслужуваа штандот, делеа од промотивните материјали и ја промовираа манифестацијата низ центарот на Прилеп.
Промотивните штандови беа многу добро посетени и беа поделени голем број на промотивни материјали.