Организација: Д.Ц. Нове Наде – Фоча
Работилницата се одржа на 4.4.2009 во хотелот Зеленгора со почеток во 12 часот, Дебатата на 16.04.2009 во 17 часот. На активностите беа присутни 22 учесници, најмногу средношколци од 2,3 и 4 година.
Работилницата: Конструктивно разрешување на конфликти
Воведен збор имаше Александар Драгаш, кој даде кратки информации за регионалниот проект, партнерите во него, како и генерално за мировните процеси. Во продолжение, работилницата ја водеше нашата долгогодишна активистка Ана Шушњевиќ, ученичка во 3 година во Економското средно училиште.
Обработени беа следните области: потекло на конфликтот – наши искуства; што е конфликт; совети за решавање на конфликтите; типичен конфликт, комуникација, разбирање, стојалишта.
Учесниците се вклучуваа во работилницата преку давање на своето мислење за различните приоди кон решавање на проблемите. Некои од учесниците, непостоењето на конфликтот го оценија како штетно и проблематично за мирот. Тој свој став го образложија со тоа дека непостоењето на конфликт значи дека целосната власт е во рацете на една партија која има власт и моќ да тргнува од тоа дека има само една вистина и дека само една страна има право, што нормално може да резултира со употреба на сила.
Она што е посебно значајно, а излезе како заклучок од оваа работилница е тоа дека треба да ги сослушаме другите и другите мислења и да не реагираме бурно, туку реакцијата на биде плод на размислување затоа што само така ќе дојдеме до најдоброто решение и ќе избегнеме конфликтни ситуации. Сите се сложија дека е најдобро да се најде компромис и да се гради мирот во сее и околу себе.
Дебатата се водеше на тема: компромис и конфликт.
Оваа дебата отвори прашања релевантни за однесување при конфликти, оставајќи простор за пронаоѓање на креативни начини на трансформација на судирите и развој на потребните вештини за успешна трансформација на конфликтите.
Преку дебата ги допревме темите: развивање на чувство за механизмите и динамиката за настанувањето на конфликтите, пристап на конфликтите како шанса за промена и шанса за добивање на нови искуства и знаења, толеранција, изградба на мир.
Александар Драгаш, Ана Шушњевиќ, Мирјана Трифковиќ
Настаните се дел од Програмата “Регионални иницијативи за демилитаризација“ координирана од страна на Мировна Акција