Тема: Присутноста на насилството и дискриминацијата
Датум: 28.03.2009
Локација: Средно училиште “Георги Димитров“, Скопје, Македонија
Учесници: Средношколци – активисти на Младински Иницијативи, нови волонтери
Целата на оваа работилница е да се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот став по однос на поставената тема, ќе дадат предлози и идеи за следни активности и проекти и ќе се мотивираат да работат на истите.
На работилницата учествуваа 14 младинци, дел од нив активисти на МИ, дел нови волонтери кои дојдоа со намера да се вклучат во следните активности на програмата за антидискриминација. Бројот на учесници требаше да биде од 20-30, но поради субјективни причини дел од најавените учесници не дојдоа на средбата, иако беа навремено известени. Бројот на учесници не претставуваше пречка за реализација на предвидените активности на средбата.
Учесниците поделени во три групи разговараа за присутноста на насилството и дискриминацијата околу нас и посочија конкретни примери од нивното секојдневие, но и направија рефлексија на сопственото однесување кое понекогаш свесно или несвесно е дискриминирачко или насилно.
Секоја група ја презентираше својата дискусија, а потоа следеше групна дискусија и предлози како младите можат активно да се вклучат во оваа поле на делување и да придонесат да се зголеми свеста за важноста од ненасилна комуникација и антидискриминирачки пристап кај младата популација.
Учесниците ја оценија оваа средба како доста значајна, поучна и покажаа интерес за понатамошни вакви активности.
Билјана Пејовска, Младински Иницијативи
Настанот е дел од Програмата “Регионални иницијативи за демилитаризација“ координирана од страна на Мировна Акција